„Лион“ го изненади „Сити“ на „Етихад“, „Реал“ убедлив против „Рома“

Фудбалерите на „Лион“ приредија вистинска сензација откако вечерва во Манчестер го победија неприкосновениот фаворит „Сити“ со 1:2, а бранителот на титулата во Лигата на шампиони, „Реал“ во Мадрид убедливо триумфираше со 3:0 против „Рома“.

Тренерот на „сините“ од Манчестер, Пеп Гвардиола се одлучи за стандардна формација, но наместо Агуеро во првиот тим го стави Габриел Џезус. Тоа не ги импресионираше Французите, особено не Набил Фекир кој во 26 минута му асистираше на Корен за водство од 1:0 за шок на „Етихад“. Фекир во 43 минута го постигна вториот гол за „Лион“ по асистенција на Депаи. Во вториот дел „Сити“ беше поофанзивен, но успеа само да го намали резултатот во 67 минута по погодокот на Силва.
Претходно во групата „Ф“ во Харков „Шахтор“ и „Хофенхајм“ одиграа 2:2.

Актуелниот шампион на Европа, „Реал“ ја оправда улогата на фаворит во дербито против минатогодишниот полуфиналист во ЛШ, „Рома“. Шпанците поведоа во 45 минута по извонредниот гол од слободен удар на Иско. Победата на домачините во ниту еден момент не бее доведена во прашање, па Герет Бејл зголеми на 2:0 во 58 минута по асистенција на Модриќ. Идентична акција во 92 минута одиграа Марсело и Маријано Дијаз кој со одличен удар од работ на шеснаесетникот го постигна својот дебитантски гол во ЛШ.
Во истата група„Г“ во Полска, „Викторија“ Плзењ и московски ЦСКА одиграа 2:2, иако домаќините имаа водство од 2:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.