Лион ја почна сезоната со убедлива победа кај Монако

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Во првиот натпревар од новата сезона од француското фудбалско првенство Лион како гостин убедливо како гостин убедливо со 3:0 (2:0) го совлада Монако, кој речиси цел час играше со играч помалку откако во 30 минута беше исклучен неговото големо засилување шпанскиот интернационалец Сеск Фабргас.

Стрелци за Луион беа Муса Дембеле веќе во 5 минута, потао Мемфiс Депаји во 36 и Лукас Тузар во 80 минута.

Во 27 минута од мечот, главниот арбитар Руди Буке му покажа жолт картона Сеск Фабрегас за груба игра, но по само три мунути по помош на ВАР системот, ја смени својата одлука и го исклучи од игра.

Во второто коло на 17-ти август Монако ќе му гостува на Мец, а Лион ден порано пред своите навивчи го пречекува Анже.

Во саботата своите натпревари од 1-то коло ги играат Марсеј – Ремс, Анже – Бордо, Дижон – Сен Етјен, Мнпелје – Рен, Ница – Амјен и Брест – Тулуз, додека во недела на програмата се дуелите Лил – Нант, Стразбур – Мец и ПСЖ – Ним.