Лион победи кај Тулуз со гол во последната секунда

Во најинтересниот натпревар во саботната програнма од 12-то коло од француското фудбалско првенство Лион славеше кај Тулуз со 3:2 со голот на Депаи во последната секунда.

Тулуз поведе во 15 минута преку Саного, а Депаи израмни во 15 минута. Домашните повторно дојдоа повторно во водство со автоголот на Лопез во 57 минута, а по десет минути повторни израмни Дембеле. Кога судијата се подготвувше да отствури крај во последната секунда од петминутното продолжение Депаи со својот втор гол на мечот му обезбеди победа на Лион.

Марсеј на својот „Велодром“ го совлада Лил со 2:1. Марсеј имаше водство од 2:0 со головите на Сансон во 47 и автоголот на Габриел во 79 минута, а Сумаоро намали во 83 минута.

И Мец пред своите навивачи имаше предност од 2:0 кое го оствари преку Диало во 26 и Нгует во 47 минута. Но Монпелје израмни со двата брзи гола на Делор во 72 и Самбиа во 78 минута.

Амјен со голот на Отеро во 27 минута минимално го совлада Брест. Со идентични 1:0 и Анжер беше подобар од Стразбур, а во истата минута од пенал беше стрелец Бахокен.

 

ТАБЕЛА

1 ПСЖ 12 9 0 3 26 7 27
2 Анжер 12 6 2 4 17 16 20
……………………………………..
3 Нант 11 6 1 4 9 7 19
……………………………………..
4 Марсеј 12 5 4 3 14 16 19
……………………………………..
5 Лил 12 5 3 4 18 13 18
6 Ремс 11 5 3 3 9 4 18
……………………………………..
7 Брест 12 4 5 3 13 14 17
8 Лион 12 4 4 4 19 11 16
9 Монпелје 12 4 4 4 11 10 16
10 Амјен 12 4 4 4 16 17 16
11 Бордо 11 4 3 4 15 14 15
12 Рен 11 4 3 4 13 12 15
13 Монако 11 4 3 4 19 21 15
14 Сен-Етјен 11 4 3 4 11 15 15
15 Ница 11 4 1 6 13 18 13
16 Дижон 12 3 3 6 7 13 12
17 Стразбур 12 3 3 6 7 13 12
……………………………………..
18 Тулуз 12 3 3 6 15 22 12
……………………………………..
19 Мец 12 3 3 6 11 18 12
20 Нимс 11 2 5 4 10 12 11