Лион славеше на „Паркот на принцовите“ по 13 години и го симна ПСЖ од врвот

Во дербитот од 14-то коло на француското фудбалско првенство во неделата вечерта Олимпик Лион на гостувањето го победи со 1:0 Пари Сен Жермне, остварувајќи ја првата победа на парискиот „Парк на принцовите“ по 13 години.

Решавачкиот погодок го постигна Тоно Кадевере во 35 минута на асистенција на Токо Екамби, иако асистенцијата лесно може да му се припише и на домашниот бек Преснел Компембе кој невнимателно ја загуби топката. ПСЖ имаше голем посед на топката, но освен јаловите напади не успеа да направи ништо повеќе, додека гостите беа многу опасни од брзите контранапади.

Освен без трите бода, ПСЖ се чини дека на извесно време ќе остане и без својата ѕвезда Нејмар, кој во судиското продолжение на натпреварот на носилки беше изнесен од теренот, по стартот на Тиагод Мендез кој за овој стар по прегледот на снимката на ВАР-от доби црвен картон, откако првично судијата Беноа Бастиен му покажа жолт каротн. Првично се стекнува впечаток дека повторно се работи за повреда на скочниот зглоб кај Бразилецот.

Последен пат Лион славеше во еден првенствен дуел во Париз во октомври 2007 година, кога го победи ПСЖ со 3:2.

Со оваа победа Лион се израмни на врвот на табелата со Лил со по 29 бодови, додека ПСЖ остана на 28 бодови и е трет додкеа следат Марсеј со 28 и Монпелје со 26 бодови. Инаку ПСЖ има еден натправар помалку, додека Марсеј има два заостанати натпревара.

Во претходно одиграниот дуел, Лил го победи Бордо со 2:1. Домапните поведоа во 17 минута со голот на Жонатан Давид, а во 30 минута израмни Тома Башиќ. Но нов последните моменти од првиот дел Жосе Фонте го доведе Лил во водство, а овој резултат остана до крајот.

Во другите дуели во неделата Ница дома беше поразен со 0:1 од Рен, Брест- Рем 2:1, Лориен – Нимс 3:0,. Нант – Дижон 1:1 и Страбур – Мец 2:2.

ТАБЕЛА

1. Лил 14 8 5 1 26 10 29
2. Лион 14 8 5 1 25 11 29
3. ПСЖ 13 9 1 3 33 9 28
4. Марсеј 12 8 3 1 19 10 27
5. Монпелје 14 8 2 4 25 21 26
6. Монако 14 7 2 5 25 20 23
7. Анже 14 7 2 5 20 22 23
8. Рен 14 6 4 4 20 18 22
9. Ленс 13 6 3 4 21 21 21
10. Брест 14 7 0 7 23 25 21
11. Бордо 14 5 4 5 14 15 19
12. Ница 13 5 3 5 16 16 18
13. Мец 14 4 5 5 15 16 17
14. Нант 14 3 5 6 15 23 14
15. Сен Етјен 14 3 4 7 12 20 13
16. Стразбур 14 3 2 9 20 26 11
17. Лориен 14 3 2 9 15 24 11
18. Нимс 14 3 2 9 11 27 11
19. Ремс 14 2 4 8 17 24 10
20. Дижон 14 1 6 7 9 22 9