Лион со пресврт до победата над Марсеј

Во одложениот натпревар од 14-то коло на француското фудбалско првенство Лион го совлади Марсеј со 2:1, правејќи го резултатскиот пресвет во последните 15 минути од дуелот.

Марсеј поведе во 10 минута Матео Гуендузи по нафрлувањето на Дмитри Паје од корнер. Одлична шанса за удвојување на водството Гуендузи имаше и во 18 минута, но тогаш шутираше крај голот.

Игачите на Лион во првиот дел беа незабележителни на теренот, но во вторниот дел влегоа со сосоема поинаков пристап кон играта. Далеку подобрата игра ја крунисаа со израмнувањето во 77 минута, кога Мало Густо нафрли од десната страна, а Џердан Шакири со глава од тешка позиција погоди за 1:1. Домашните го направија пресвртот во 89 минута со убавиот погодок на Муса Дембеле, а Шаќири овојпат асистираше. Швајцарскиот репрезентативец убави го проигра Дембеле кој лесно го мина Вилием Салибу, а потао фантастично го префрли голманот Пау Лопе.

Марсеј ја продолжи серијата лоши резултати против Лион, односно доби само 6 од 41 меѓусебен дуел во 21-от век, што е неговиот намал процент на победи против тимот со кој сретна најмалку три пати во разни натпреварувања во последниот период.

Мечот првично требаше да се игра на 21-ви ноември, но дуелот беше прекината во 5 минута, откако гостинскиот играч Паје додека изведуваше корнер беше погоден со пластично шише во главата. Судијата Руди Буке веднаш го прекина мечот и ги испрати екипите во соблекувалните, а полицијата го пронајде и приведе виновникот од трибините. Прекинот траеше два часа пред да биде донесена одлуката истата вечер мечот да не се доигра. Лион поради инцидентот на неговите навивачи беше казнет со одземање еден бод, а новиот меч беше одигран без гледачи.

Со новите три бода Лион скокна на седмотео место со 34 бодови, додека Марсеј остана трет со 40 бодови. Во водство е ПСЖ со 53 бодови, додека Ница е второпласирана со 42 бода.