Лионел Меси ќе го пропушти и мечот со Валенсија

22

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе го пропушти и мечот со Валенсија во четвртото коло од Шпанското првенство во сабота на „Камп Ноу“, пренесува каталонскиот весник „Спорт“. 32-годишниот Аргентинец сè уште не започнал со целосни тренинзи и се очекува тоа да го стори следната недела. Меси претрпе повреда на потколеницата за време на претсезонски тренинг на 5 август и се уште чувствува непријатност во повредената област. Најдобрите десет на Барса се уште не играле оваа сезона, а во негово отсуство, „Лос Кулес“ има само 4 бода од своите први 3 натпревари во шпанското првенство.

Натпреварот со Валенсија е прерано за Аргентинецот, но можно е тој да се врати за почетокот на Лигата на шампионите. Каталонците во вторник гостуваат во Борусија Дортмунд. Ако не биде подготвен и за овој натпревар, Меси најверојатно ќе го одигра својот прв официјален натпревар сезонава во Ла Лига против Гранада на 21 септември.

Во исто време, сè уште не е јасно дали менторот на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, ќе може да се потпре на другата ѕrвезда на тимот, Уругваецот Луис Суарез. Вториот, исто така, во моментов се опоравува од повреда и во оваа фаза останува под знак прашалник за дуелот со „лилјаците“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.