Лишено од слобода момче од Кичево – кај него била пронајдена марихуана

20

На 19.07.2021 во 14.15 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.С.(25) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Подоцна, од неговиот дом се одземени 13 ќеси со марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.