„Лисиците“ инспирирани по нивната рекордна победа

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс природно беше задоволен по победата од 9-0 над Саутемптон синоќа.

„Лисиците“ го подобрија рекордот за најголема победа на гости во историјата на англиската елита и го изедначија најголемиот успех во Премиер лигата, откако во 1995 година, Манчестер Јунајтед го совлада Ипсвич на домашен терен.

Покрај тоа, Лестер стана само вториот тим, чии играчи постигнале по три гола во еден натпревар по Арсенал во 2003 година. Агиос Перез и Џејми Варди се наредија до Џермејн Пенант и Роберт Пирес, повторно во дуел против „светците“.

– На паузата рековме дека треба да продолжиме да играме брзо и да ги казнуваме нивните грешки. Навистина е тешко за Ралф, но моравме да ја завршиме работата и да дадеме што повеќе голови. Момчињата ја задржаа својата концентрација и сакаат да бидат се подобри и подобри. Одличен резултат, но мора да мислиме за следниот натпревар, изјави Роџерс.

Напаѓачот Џејми Варди пак изјави дека тимот го посвети успехот на претседателот Вичаи Шриваданапраба, кој почина минатата година во хеликоптерска несреќа.