Македонија

Димитар Стевананџија: Листата од нови странски инвеститори остана празна

Листата од нови странски инвеститори остана празна

Листата од нови странски инвеститори во Република Македонија остана празна. Портпаролот на СДСМ кој што зборуваше 7 минути не напомна ниту нов барем еден странски инвеститор, ниту еден, посочи Димитар Стевананџија, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Стевананџија на Костадинов му рече дека тој како портпарол на СДСМ треба да знае дека се многу повеќе од 9 странски инвестиции во Република Македонија. И дека треба напамет да ги знае сите инвестиции во сите општини во Република Македонија. Само во Прилеп има 3, во Битола 4, во Штип 5, и во сите места во Република Македонија каде што ТИРЗ. За жал тие не успеале да набројат ниту една. Ниту една не пишавте скратеница од некоја фирма. И да речете ова е резултат на владеење на СДСМ. Да посочите дека во оваа фирма се вработија 50 работници.

За да ви потврдам зошто СДСМ забега од својата рута е затоа што ги заборави и не ги посети вработените во „Еурокомпозит“ кои што брутално ги излажа. Ги заборави земјоделците, ги заборави пензионерите. Буквално заборавени се и производителите на јаболка и производителите на праски, круши, сливи итн. Буквално земјоделците се на колена, појасни Стевананџија.