Листите на ВМРО-ДПМНЕ потврдени едногласно и со громогласен аплауз

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно и со громогласен аплауз ги потврдија листите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

На листите се најдоа и искусни пратеници, кои имаат голема популарност во своите средини пред противкандидатите на СДСМ, но и нови лица афирмирани и реномирани претставници на професии и средини ширум целата држава за кои сите анализи покажаа дека имаат убедлива поддршка од граѓаните.

Со овие листи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат поддршка и доверба од граѓаните врз основа на постигнатите проекти и дела и врз основа на идните проекти и конкретни и реални чекори за подобрување на животот на граѓаните, со цврсто даден збор како и досега и како што велат од партијата, без лажни ветувања.

Со кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, владејачката партија ќе атакува на апсолутно мнозинство во Парламентот и 62 пратеника.

Премиерот никола Груевски ќе ја води првата изборна единица. Гордана Јанкуловска по трет пат ќе оди на победа во двојката, додека од шестката на овие избори во тројка се сели Никола Тодоров. Четвртата изборна единица повторно ќе ја предводи Зоран Ставрески додека во петката по трет пат во изборната трка ќе влезе Антонио Милошоски. Шестката на овие избори е резервирана за Никола Попоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.