Литар бензин во Германија само 3 денари поскап од Македонија

Литар гориво во Германија чини само 3 денари повеќе отколку во Македонија. И покрај тоа што Германците земаат и неколку пати повисоки плати, горивото им е речи си по иста цена како и во Македонија.

Според анализата на Радио Слободна Европа, најскапо гориво во регионот има Албанија, по што следи Косово. Македонија и Србија имаат речи си исти цени на дизелот, но бензинот во Србија е значително поевтин, околу 10 денари по литар. Најевтини горива во моментов има Црна Гора.