Литванија ја напушта групата „17+1“ со Кина

Литванија најави во саботата дека ја напушта групата „17+1“ која ја сочинуваат Кина и земји од централна и источна Европа, бидејќи смета дека тоа е „фактор на поделбите“ од ставот на Европската унија во контекстот на влошувањето на односите меѓу Брисел и Пекинг.

„Литванија повеќе не се смета себеси за членка на форматот 17+1 и не учествува во оваа иницијатива“, изјавил министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, преенсува AFP.

Шефот на литванската дипломатија оценил дека оваа структура на меѓународната соработка е „фактор на поделбите“ и ги повикал земјите членки на ЕУ со Кина да усвојат „многу поефикасен пристап и комуникацаи“. „Силата и влијанието на ЕУ лежат во нејзиното единство“, истакнал Ландсбергис.

Литванија е членка на оваа група земји од 2012 година, но сега оваа балтичка земја ги повикува другите земји членки на ЕУ да ја напуштат оваа групација во атмосферата на влошување на односите меѓу Европската унија и Кина.

Во четвртокот Европскиот парламент изгласа резолуција со којашто одбива да го разгледува договорот меѓу ЕУ и Кина за вложувањата, доколку Пекинг ги задржи контрасакциите за одредени европски поединци, меѓу кои се и европратеници.

Покрај тоа, последните месеци Литванија презимаше чекори кои го предизвикаа гневот на Кина, меѓу кои блокирање на кинеските вложувања како и најава за отворање на литванска трговска канцеларија во Тајван.

Кинеското министерство за наворешни работи протестираше уште на 4-ти март и потсети на меѓународната практика и дека Пекинг „остро се противи“ на формирање на официјални институции на други држави на Тајван, кој го смета за своја одметната островска покраина.

Во четвртокот литванскиот парламент усвои резолуција со којашто се осудува кинеската политика кон туркофоното ујгруско муслимански малцинство како „злосторството против човечноста и геноцид“. Исто така, следејќи ја политиката на САД кон Кина ги повика Обединетите нации за покренат истрага за „логорите во кои се заточени“ Ујгури во западната кинеска покраина Ксинџијанг и бара од ЕУ да ги разгледа своите односи со Кина.

Претходно седмицава претседателската на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, повика во вторникота на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри кои во 2022 година ќе се одржат во кинеската престолнина Пекинг, кртикувајќи ја Кина за кршење на човековите права.

САД може да ги бојкотираат игрите во Пекинг под образложение за кршење на правата на Ујгурите, како и на жители на покраините Монголија и Тибет. На 6-ти февруари беше објавено дека Норвешка презела иницијатива за бојкот на ЗОИ во Кина.

Независна компсија на Обединетите нации извести во 2018 година за најмалку милиони Ујгури кои се наоѓаат во кампови во кинеската провинцијата Ксинџијанг-Ујгурија. Пекинг овие кампови ги опишува како центри за стручно оспособување за сузбивање на муслиманскиот екстремизам кај ова пратурско население и решително ги отфрла обвинувањата за злоставување и геноцид. Изминатите година припадници на ова малцинство беа осудени или егзекутирани како извршители на низата терористички напади ширум Кина, за кои Пекинг предупредува дека имаат џихадитичка заднина и оти се резултат на соработка со групациите како Исламска држава и Ал Каеда.