Литванија и Норвешка разменија шпиони со Русија

Норвежанецот Фроде Берг, осуден во Русија за шпионажа

Литванскиот претседател Гитанас Науседа помилува двајца Руси осудени за шопионажа, објави во петокот неговиот кабинет, а шефот на литванската разузнавачка склужба потврди дека успешно се разменети за државјани на Литванија и на Норвешка.

Оудените Николај Филипченко и Сергеј Моисејенко добиле помилување и ослободени се од отслужувањето на преостанатиот дел од казната. Досега одлежаа две години.

Директорот на литванската разузнавачка служба Дариу Јаунискис рече дека Русите се разменети за двајца државјани на Литванија и за државјанин на Норвешка.

„Овој петок успешно е спроведена операција на размена. Литванските државјани Евгениј Матаитис и Аристидас Тамосаитис, како и норвешкиот државјанин Фроде Берг, пристигнаа во Латвија“, рекол а новинарите Јаунискис. Додал дека размената е извршена на литвански граничен премин,

Според скандинавските медиуми, таквата шема стана возможна откако Сејмот на Литванија на почетокот од ноенври изгласа измна во Кривичниот законик, со кој е предвидена процедуара на размена на осудени лица во странство за разузнавачки активности во полза на нинвата земја.

Норвежанециот во Русија беше осуден годинава на 14 години затвор под обвинение дека собирал тајни инфромации за руските нуклеарни подморници во полза на норвешката разузнавачка агенција, а Литванците се осуден и на три години под обвинени дека собирале инфроамции во пола на луитванската армија.