Литванија на самитот на НАТО ќе бара помош за заштита на границата со Белорусија

Belarusian and Lithuanian border mark poles are pictured near a four-meter-high fence on the Belarusian border in Druskininkai, Lithuania November 4, 2021. REUTERS/Janis Laizans

Литванската влада има намера да ја зајакне одбраната на својата граница со Белорусија во текот на самитот на НАТО кој ќе се одржи во Вилнус на 11-ти и 12-ти јули, поради загриженоста поради нерегуларните минувања на границата/

Вилнус ќе ја повика својата војска во текот на самитот да помогне во заштитата на граница, а се надева и на дополнителна поддршка од Frontex, агенцијата за заштита на границите на Европската унија.

Дополнителна заштита би помогнала во спречувањето на можните провокации и ви ги запрела „можните зголемени текови на мигранти“, изјави литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите по заедничката посета со шефот на Frontex, Ханс Леијтенс во понеделникот на граница кон Белорусија која е долга 680 километри.

Се дискутира и за поддршка при управувањето на границите со Полска и со Латвија, истакна министерката Билотаите, додавајќи дека во моментов таму се стационирани 18 службеници на Frontex.

Леијтенс, пак, не го коментирал прашањето за можното зголемување на распоредениот персонал на агенцијата. Меѓутоа, Frontex сака да одговори на барањето на Литванија најдобро што може, истакнал, според литванските медиуми.

Во текот на летото и есента 2021 година забележан е огромен пораст на бројот на илегалните мигранти кои се обиделе од Белорусија да влезат во земјите на Европската унија. Тогаш Брисел го обвини белорускиот претседател Александр Лукашенко дека намерно ја оркестрира пограничната криза наводно доведувајќи ги мигрантите од земјите разорени од војните на надворешната граница на ЕУ. Меѓутоа, од минатата година тие бројки силно се намалиле.