Литванија од утре нема да увезува руски гас

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од утре нема да увезува струја од Русија, па во таа земја повеќе нема да има руски гас, нафта или струја.

Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина, пренесува литванскиот портал Делфи.

– Не можеме да дозволиме нашите пари да ја финансираат руската воена машинерија, рече Кревис.

Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клајпеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на ЕУ преку Шведска, Летонија и Полска.

На почетокот на април Литванија престана да увезува гас од Русија.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.