Ливерпул со трилер ги зачува шансите за титулата, Тотенхем со двајца исклучени поразен од Борнмут

Фудбалерите на Ливерпул во тешкото и неизвесно до самиот крај гостување кај Њукасл славеа со 3:2 и ги задржаа шансите за титулата, по 37-то коло од англиското пренство.

Ливерпул двапати беше во водство со головите на Вирџил ван Дајк во 13 и Мохамед Салах во 28 минута. Упорните домаќини се враќа во игра преку Кристијан Алсу во 20 и Саломон Рондон во 54 минута, но откако во 86 минута Дивок Ориги со глава по додавањето од Џердан Шаќири по третпат ја затресе мрежата на Њукасл домашните веќе немаа време за израмнување.

Во 73 минута тренерот на „Редси“ Јирген Клоп се најде на маки откако од игра мораше да биде повлечен Салах. Се чини дека станува збор за потешка повреда на најдобриот стрелец на Ливепрул пред реваншот во полуфиналето од Лигата на шампионите во вторник против Барселона, и решавачкото последно коло од Премиер лигата кога тимот ќе го пречека незгодниот тим на Вулверхемптон.

Ливерпул е на чело на табелата со 94 бодови, а втор е Манчестер Сити кој има 92 бода а во понеделник ќе го затвори колото на домашен терен против Лестер. Сити во последното коло му гостува на моментално 17-от Брајтон.

Третопласираниот претходно во саботата Тотенхем загуби во продолжението на гостувањето кај Борнмут со 0:1, во претпоследно коло од англиското фудбалско првенство, а крајот на дуелот го дочека со два играчи помалку.

Прво во 43 минута беше усклучен корејскиот фудбалер Сон Хеунг-мин поради неспортско однесување, а потоа Хуан Фојт кој влезе во игра на полувремето, по само три минути во 48-та доби црвен картон поради груб прекршок. Победничкиот погодок за Борнмут го постигна Нејтан Аке во првата минута од судиското продолжение.

Со овој пораз Тотенхем го загрози својот пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Има два бода повеќе од четвртиот Челзи, четири од Арсенал и пет од Манчестер Јунајтед, а во недела Челзи го пречекува Вотфорд, Јунајтед гостува кај отпишаниот Хадерсфилд, а Арсенал игра против Брајтон.

Саутемптон беше поразен со 0:3 на гостувањето кај Вест Хем. Два погодока постигна Марко Арнаутовиќ, во 16 и 69, а еден Рајан Фредерикс во 72 минута. Саутемптон остана со 38 бодови на 16-то место на табелата, а Вест Хем е 11-ти со 49 бодови.

Вулверхемптон со голот на Леандер Дендонкер во 75 минута го совлада Фулам. „Волфс“ сега се седми со 57 бодови без шанси да напредуваат до местата кои водат во европските купови, но и да назадува на табелата. Фулам е претпоследен 19-ти со 26 бодови, без можност да го избегне селењето во понизок ранг.

И Кардиф Сити ќе игра следната сезона во Чемпионшип по денешниот пораз од 2:3 на домашен терен од Кристал Палас. Гостите поведоа во 28 минута со голот на Вилфред Заха, во 31 минута израмнија домашните со автоголот на Мартин Кели, но веќе во 39-та Кристал повторно поведен преку Мичу Батшуаиј, а поведе со 3:1 во 70 минута преку Андрос Таунсенд, а во последната минута за домашните погоди Боби Рејд.

Кардиф Сити е на 18-то место со 31 бод, четири помалку од Брајтон кој е 17-ти, последното место кое гарантира опстанок а има меч понмалку. Кристал Палас е 12-ти на табелата со 46 бодови.

Во петокот вечерта Евертон со 2:0 го совлада Барнли. Евертон е осму со 53 бодови, два повеќе од Лестер и три од Вотфорд кои имаат меч помалку. Барнли, пак, обезбеди опстанок претходно, 15-ти е со 40 бодови.

Во недела програмата ја отвораат дуелите Челзи – Вотфорд и Хардерсфил – Манчестер Јунајтед, следи мечот Арсенал – Брајтон а во вечерниот термин од 21 часот Манчестер Сити ќе го пречека Лестер Сити во натпревар кој може да биде пресуден за самиот врв на Премиер лигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.