Ливерпул ја продолжи победничката серија

Фудбалерите на Ливерпул ја продолжија во саботата победничката низа во Премиер лигата, иако мораа доста да се намачат во 26-то коло против последнопласираниот Норич.

Единствениот погодок за „Редсите“ го постигна Садио Мане во 78 минута.

Со тоа Ливерпул дојде до 17-та последователна првенствена победа. Единствените кои оваа сезона успеаја да ремизираат со Ливерпул во Премиер лигата беа фудбалерите на Манчестер Јунајтед, кои пред речиси четири месеци во 9-то коло на својот „Олд Трафорд“ одиграа 1:1.

Воедно ова беше и 25-та победа на 26 натпревари од годинешното издание на Премиер лига. Имајќи ја предвид и минатата сезона, серијата на Ливерпул без првенствен пораз трае на 43 натпревари.

Ливепрул е во водство на табелата со 76 бодови, практично недостижни 25 бодови пред вторпласираниот Манечестер Сити. Норич е последен на табелата со 18 бодови, седум помалку од зоната на спасот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.