Ливерпул до победата со пресврт и два автогола

Фудбалерите на Ливерпул среќно дојдоа до трите бода, откако во дуелот од 18-то коло на англиската Премиер лига со 2:1 на домашен терен го совладаа Лестер Сити.

Гостите поведоа рано, уште во 4 минута со погодокот на Киерман Девзбери-Хол со кој беше завршен прецизниот контранапад. Во првиот дел целиот тим на Ливерпул имаше лоша изведба а нападот беше јалов, но до одморот среќно стаса до пресврт благодарејќи без неговите играчи да постигна гол. Имено гостинскиот бег Белгиецот Ваут Фас двапати ја затресе сопствената мрежа.

Во 38 минута Фас се обиде да расчисти ситуација пред својот гол, но лошо ја зафати топката која во неверојатен лак заврши во мрежата на Лестер. Во 45 минута шутираше Дарвин Нуњез и ја погоди стативата, топката се одби до натрчаниот Белгиец кон не успеа да реагира и топката од него се одби во голот.

Во вториот дел двете екипи имаа по неколку изгледни шанси, но резултатот не се промени.

И покрај победата Ливерпул остана на шестата позиција на табелата со 28 бодови, а Лестер Сити е моментално 13-ти со 17 бодови, четири повеќе од зоната на испаѓање.

Во првиот дуел во петокот Брентфорд на гости го победи Вест Хем со 2:0, а гостите сите дилеми околу победникот ги разрешија во првото полувреме кога ги постигнаа двата погодока. Во 18 минута стрелец беше Ајван Тоуни во 43 Џош Дасилва.

Брентфорд моментално е деветти со 23 бодови, а Вест Хем е едно место над зоната на испаѓање, 17-ти е со 14 бодови.

Во текот на викендот ќе се одиграат преостанатите натпревари од ова 18. коло. Во сабота ќе играат Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед, Борнмут – Кристал Палас, Фулам – Саутемптон, Манчестер Сити – Евертон, Њукасл – Лидс и Брајтон – Арсенал. Во недела, пак, се закажани два натпревара: Тотенхем – Астон Вила и Нотингем Форест – Челзи.