Ливерпул доминантен во идеалниот тим на сезоната во Премиер лигата составен од „Скај спорт“

Англискиот медиуми „Скај спорт“ го состави симболичниот тим на најдобри играчи во сезоната во Премиер лигата.

Во тимот се најдоа шест играчи на Ливерпул, по двајца се од Лестер и Шефилд јунајтед и еден фудбалер е од Манчестер сити.

Голман: Дин Хендерсон (Шефилд јунајтед);

Одбрана: Трент Александар-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Ендру Робертсон (сите од Ливерпул), Џек О’Конел (Шефилд јунајтед);

Среден ред: Вилфред Ндиди (Лестер), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Кевин де Бруин (Манчестер сити);

Напаѓачи: Садио Мане, Мохамед Салах (двајцата од Ливерпул), Џејми Варди (Лестер).