Ливерпул една година без пораз во англиското првенство

Фудбалерите на Ливерпул незадржливо одат кон првата титула по 1990 година, откако во последната средба од 21-то коло на англиската Премир лига на својот „Енфилд“ со 2:0 го совладаа Шефилд Јунајтед.

Ливепрул сега повторно има 13 бодови повеќе од вториот Лестер Сити и 14 повеќе од актуелниот шампион Манчестер Ситин. Покрај големата бодовна предност, „Редси“ имаат и натпревар помалку од своите најблиски конкуренти.

Победата на Ливерпул, кој на овој меч настапи ослабен, му ја донесоа Мохамед Салах со погодокот во 4 минута, и Садио Мане кој погоди по еден час.,

Ова беше шестиот натпревар за Ливепрул во последните 17 дена, а воедно и славенички бидејќи екипата водена од Јирген Клоп прослави една година од последниот лигашки пораз.

Последниот пораз на Ливерпул во Премиер лигата беше на 3-ти јануари минатата година од Манчестер Сири со 1:2. Потоа следеа 37 првенствени натпревари во кои впишаа 32 победи и пет нерешени исходи.

Следниот дуел Ливерпул ќе го игра на гости на 11-ти јануари против Тотенхем.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.