Ливерпул го доби дербито со Сити, ја зголемува предноста на врвот

Во дербито од 12-то коло на англиското фудбалско првенство, Ливерпул во неделата на својот „Енфилд“ го победи Манчестер Сити со 3:1 и на „Граѓаните“ како најголем конкурент им побегна во трката за титулата на дури девет бодови.

Во еден од најисчекуваните дуели на сезоната, пресметката на европскиот и англискиот шампион, Ливерпул го победи Манчестер Сити правејќи голем чекор кон освојувањето на шампионката титула на којашто чека 30 години. Покрај тоа, Ливерпул ја оствари шестата победа во последните седум меѓусебни средби на „Енфилд“, а не победи единствено минатата сезона кога мечот заврши без голови, а Сити ја освои титулата. Исто така, „Сити“ последен пат во првенството го надиграл Ливерпул на неговиот стадион уште во 2003 година со 2:1. Интересен е и податокот дека Ливерпул во Премиер лигата никогаш на својот терен не загубил меч откао повел со 2:0. Во 232 вакви ситауции, победил во 227 натпревари а пет пати ремизирал.

Ливерпул поведе уште во 6 минута со фантастичниот погодок на Фабињо од 20 метри. Меѓутоа, на голот на „Редсите“ му претходеше споран ситуација пред нивниот гол, откако топката го погоди во рака Трент Александер-Арнолд во домашниот шеснаесетник, а судита Мајкл Оливер дозволи играта да продолжи, а по брзата контра Ливерпул дојде во водство. Оливер ја проверуваше спорната ситуација со ВАР системот, но не досуди пенал како што бараа „Граѓаните“, туку го потврди погодокот на Ливерпул.

Арбитарот Оливер беше во центарот на вниманието и пред крајот на мечот кога Рахим Стерлинг повторно го погоди в рака Александер-Арнолд и повторно не се огласи.

Фудбалерите на Сити протестираа и во 13 минута, кога Ливерпул изведе уште една брза контра, Робертсон нафрли а Мохамед Салах поентираше со глава. Повторно беше прегледувана забавената снимка но не се доби сигурен впечаток дали домашниот напаѓач беше во недозволена позиција. Ливерпул од противнапад го постигна и третиот погодок во 51 минута, кога по нафрлувањето на Хендерон и отсуството на реакцијата на гостинската одбрана вклучително и голманот Клаудио Браво, од непосредна близина со глава мрежата ја погоди Садио Мане. Сите настојувања на Сити уште од почетокот на мечот да ја погоди мрежата на Ливерпул, резултираа со погодок дури во 81 минута преку Бернардо Силва.

Се чини дека овој меч го доби стратегијата на Јурген Клоп кој се определи да го искористи најсилното оружје на Ливерпул – контранападот, знаејќи дека играчите на Пеп Гвардиола мора да играат на победа за да ја намалат предноста на „Редси“ која пред мечот изнесуваше пет бодови.

Ливерпул сега има 34 бодови, пред Манчестер Сити кој остана на 25 бодови, бод помалку од второпласираниот сега Лестер и третопласираниот Челзи.

Во претходно одиграниот натпревар во неделата Манчестер Јунајред на својот „Олд Трафорд“ го совлада Брајтон со 3:1. „Црвните ѓаволи“ поведоа уште во 17 минута преку Андреас Переира, а две минути подоцна нивното водство го удвои со автогол Дејви Пропер. Во вториот дел домашните постигнаа уште еден погодок, преку Маркус Рашфорд во 66 минута, а почестниот гол за гостите беше постигнат две минути претходно од Луис Данк.

Ова беше само втора лигашка победа на Јунајтед во последните седум кола, но со неа направи значителен скојк на табелата. Манчестер Јунајтед сега има 16 бодови со кои е на седмото место, бод помалки од шестиот Арсенал и петтиот Шефилд Јунајтед кој го држи последното место кое води во европските купови. Брајтон, пак, остана на 15 бодови со кои е на 11-то место.

Во ткн „Мидлендс“ дербито Вулверхемптон ја победи Астон Вила со 2:1. Головите за домашнтие ги постигнаа Рубен Бевес во 41 и Раул Хименез во 84 минута, додека за гостите во последните моменти од мечот погоди Хасан Трезеге.

Вулверхемптон е осми на табелата со 16 бодови, а Астон Вила е 17-та со 11 бодови, три бода повеќе од опасната зона на испаѓање.