„Ливерпул“ го комплетираше трансферот на Алисон

Премиерлигашот „Ливерпул“ го комплетираше трансферот со голманот на „Рома“, Алисон Бекер вреден рекордни 75 милиони евра, пренесува Sky Sports.
Бразилскиот репрезентативец ги договорил личните услови за соработка и со клубот од „Енфилд“ ќе потпише петгодишен договор. Финансиските услови не се наведени.

Алисон претходните две сезони ги помина во Рим, а кариерата ја започна во „Интернасионал“. Тој беше прв голман на Бразил на неодамна завршеното Светско првенство во Русија.

Со овој трансфер ќе биде надминат рекордот за трансфер на еден голман, откако претходно го држеше Џанлуиџи Буфон, кој во 2001 година од „Парма“ премина во „Јувентус“ за 53 милиони евра.

Најскапо платен голман во Премиер лигата до сега беше Едерсон кој во јуни 2017 година премина од „Бенфика“ во „Манчестер Сити“ за 40 милиони евра.