Ливерпул го нокаутираше Вест Хем, во колото со малку голови и една победа на домашните

Откако во првите пет натпревари од 11-то коло на англиското фудбалско првенство домашните екипи забележаа само една победа и беа постигнати само осум голови, таквиот тренд го продолжи и Вест Хем Јунајтед кој на домашен терен во вечерниот термин во саботата беше поразен од Ливерпул, но беше потопен со 1:4.

Ливерпул поведе во првото полувреме со 2:0, со головите на Мохамед Салах во 21 минута и Џоел Матип во 24 минута. Малку надеж домашните добија кога во 55 минута погоди Мануел Манзини, меѓутоа веќе по 57 секунди Алекс Оксленд-Чемберлејн повторно го зголеми водството на гостите на 3:1. Победата на „редсите“ ја потврди Салах во 75 минута со својот втор гол.

Со ова се продолжи агонијата на Вест Хем кој последната лигашка победа од 1:0 ја забележа кон крајот на септември против Свонси Сити, а потоа доживеа два пораза и две нерешени средби по што следуваше денешниот пораз од Ливерпул. Со тоа Вест Хем Јунјатед се најде на последното место кое обезбедува останување во најсилната англиска лига на 17-то место со 9 бодови, но доколку Евертон во недела забележи победа ќе го отстапи своето место на лондонскиот клуб. Ливепруп, пак, сега се закотви на 6-та позиција на табелата со 19 бодови.

Претходно Стоук Сити и Лестер Сити одиграа одличен возбудлив натпревар со четири голови и низа шанси на двете страни. На крајот мечот заврши 2:2 откако гостите водеа со 1:0 и со 2:1. „Лисиците“ поведоа со головите на Винсентра Ибора во 33 и Ријад ахрез во 60 минута, додека домаќинот се враќаше во игра преку Џердан ШАкири во 39 и Питер Крауч во 73 минута.

Стоук Сити е 14-ти со 12 бодови, додека изненадувачкиот шампион од пред две сезони Лестер е 12-ти со 13 бодови.

Во другите натпревари беше прикажан сиромашен фудбал и четири победи од само 1:0, од кои на три славеа гостите.

Единствената домашна победа ја забележа новакот Хадерсфилд Таун против Вест Бромвич Албион, а средбата ја реши голот на Раџи ван ла Пара во 45 минута. Хадерсфилд е пријатното изненадување во Примера во досегашниот дел од сезоната и е на 10-то место со 15 бодови, додека ВБА е 15-ти со 10 бодови.

Барнли на гостувањето го совлада Саутемптон со голот на Сем Вокес во 81 минута, најпријатното изненадување оваа сезона новиот прволигаш Брајтон енд Хоув Албион како гостин го совлада Свонси Сити со 1:0 со голот на Глен Мареј во 29 минута. Гостинска победа оствари и Борнмут кој со голот на Стив Кук во втората минута од судиското продолжение против Њукасл јунајтед,

Барнли е 7-ми со 19 бодови, Саутемптон пак е на 13-та позиција на табелата со 13 бодови. Брајтон енд Хоув Албион е на високата 8-ма позиција со 15 бодови, а Свонси Сити е на едно од последните три места 18-то, кои водат во понизок ранг со 8 бодови, Борнмут е 16-ти со 10 бодови, додека Њукасл Јунајтед е 11-ти со 14 бодови.

Во недела ќе се играат четири натпревари од кои две се дерби. Манчестер Сити го пречекува Арсенал, Челзи пак ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед, Тотенхем се среќава со последниот на табелата Кристал Палас, а Евертон ќе бара спас од опасната зона на домашен терен против Вотфрорд.

На табелата води Манчестер Сити со 28 бодови пред Манчестер Јунјатед кој има 23 бодови, а потоа следат Тотенхем со 20, па Челзи, Арсенал и Барнли со по 19 бодови.