Ливерпул го освои Лига купот по 11-та серија пенали

Фудбалерите на Ливерпул се победници на годинешното издание на англскиот Лига (Карабао) куп откако во неделата на лонднски „Вембли“ пред 85.000 гледачи го победија Челзи со 11:10 по изведувањето на ударите од белата точка.

За Ливерпул ова е рекордната деветта титила во ова натпреварување, но првата по 2012 година, додека Челзи остана на пет освоени пехари.

Интересен е податокот дека германските тренери Јирген Клоп и Томас Тухел на клупите на Ливерпул односно Челзи имаат освоени европски титули, но ниеден од нив не освоил досега куп во англискиот фудбал. До тој успех по големата драма стаса вечерва Клоп.

Откако во 120-те минути немаше голови, прашање на победникот бее репено со изведување на пеналите, а одлуката дојде дури во 11-та серија кога изведуваа голманите. Куивин Келер погоди за Ливерпил, додека Кепа Аризабалага го префрли голот. Тухел во последните моменти од продолженијата го внесе во игра Кепа наместо Едуар Менди, надевајќи се дека Шпанецот, кој важи како специјалист за пенали, ќе го реши мечот, тој и го стори тоа но за радост на противникот.

Првата шанска на мечот ја имаше Челзи во 6 минуита, кога шутираше Кристијан Пулисик, но Келер беше на место. Ливерпул возврати во 31 минута, кога Садио Мане шутираше а Медни одлично реагираше. Во последните моменти од првиот дел голема шанса имаше Мејсон Моунт, но и тој не беше прецизен.

Моунт поблиску до погодок беше во 49 минута, но неговоит шут завршри во стативата. Во 64 минута се закани и Мохамас Салах, но неговиот шут беше блокиран.

Три минути подоцна се одигра спорен момент, кој можеби ќе го решеше победникот во регуларниот дел. Ливерпул постигна погодок, но судијата Стјуарт Етвел по асистенција на ВАР-от го поништи поради офајд на Вирџил ван Дијт, иако тој не учествуваше во акцијата. Александер-Арнолд нафрли од слободен удар на втората ставива до Садио Мане кој ја врати топката до Матип,а овој реализираше со глава. Но голот беше поништен поради тоа што ван Дијк биле во офсајд позиција иако не ја ни допре топката.

Во самиот финиш на дуелот Луис Диаз имаше шанса за победа на Ливерпул, но Менди повторно одлично реалигапе. Во 98 минута Челзи постигна гол, но погодокот на Ромелу Лукаку беше оправдано поништен поради офсајд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.