Ливерпул и Челси ги поделија бодовите

Големото дерби во Премиерлигата меѓу Ливерпул и Челси ги разочара навивачите откако не беше постигнат ниту еден гол, дуелот заврши 0-0.

Натпреварот почна возбудливо, уште во третата минута Челси постигна гол, Хаверц ја затресе мрежата на Алисон, но ВАР го поништи погодокот поради офсајд. Можеби мечот ќе имаше сосема поинаков тек доколку беше даден гол.

По десет минути игра во второто полувреме Мудрик влезе во игра, тоа беше негово деби за Челси, со неколку добри потези покажа дека може да биде големо засилување за сините.

До крајот на мечот и двете екипи имаа некои шанси, но мрежите останаа незатресени. И двата тима со по 29 бодови се на средина на табелата.