Ливерпул и Сити убедливи, нови киксеви на Јунајтед и Челзи

Фудбалерите на Ливерпул во последниот натпревар од саботната програма од четвртото коло од англиското првенство со 3:0 победија на гостувањето кај Барнли, додека актуелниот шампион Манчестер Сити со 4:0 беше сигурен пред своите навивачи во дуелот со Брајтон.

Со новата победа Ливерпул го задржа стопроцентниот ефект од почетокот на новата сезона и со максилмалните 12 бодови остана на чело на табелата на Премиер лигата. Покрај тоа, ова беше 13-та последователна победа на „Редси“ во Премиер лигата, со што екипата што ја предводи Јирген Клоп постави ноцв клупски рекорд.

Гостите поведоа во 33 минѕта кога Трен Александер Арнолд нафрли во шеснаесетникот, топката го закачи наоаѓачот на Барнли, Крис Вуд и аврши во мрежата. Следните два погодока Ливерпул ги постигна од противнапади, а стрелци беа Садио Мане во 37 и Роберто Фирмињо во 80 минута. Барнли сега е 11-ти на табелата со четири бодови.

Претходно Манчестер Сити убедливо го совлада со 4:0 тимот на Брајтон. „Граѓаните“ ја отворија средбата со погодокот на Кевин Де Брујне кој ќе конкурира за најбрзо постигнат гол сезонава во Премиер лигата, откако Холанѓанецот ја затресе противничката мрежа во 68 секунда од натпреварот. Де Брујне беше асистент на вториот погодок за Сити кој во 42 минута го постигна Серхио Агуеро кој беше стрелец и во 55 минута, а кончените 4:0 ги постави штотуку влезениот Бернардо Силва во 79 минута.

Манчестер Сити со едно реми сега се искачи на втората позиција со 10 бодови, додека Брајтон кој радикално оваа сезона ја промени играчката филозофија е во групата тимови со по четири бодови и е на 16-то место на табелата.

Иако рано поведе со 1:0 и последните 20 минути имаше играч повеќе, Манчестер Јунајтед не успеа да дојде до трите бода на гостувањето кај Саутемптон. „Црвените ѓаволи“ поведоа во 10 минута преку велшкиот репрезентативец Дамиел Џејмс, кому ова му е веќе трет погодок сезонава. Саутемптон израмни со голот на Јаник Вестергаард во 58 минута, а во 73 оста со играч помалку откако играчот од средината на теренот Кевин Денско доби црвен картон.

Манчестер Јунајтед моментално е на 7-то место со 5 бодови, а со бод помалку Саутемптон е на 13-ти.

Челзи повторно немаше среќа и испушт предност од два гола. Сините поведоа со 2:0 со головите на Тами Ејбрахам во 19 и 43 минута, но на почетокот од вторипот дел во 46 минута намали Калум Робинсон, а во самиот финиш од мечот, стоперот на Челзи, Курт Зума со автогол му донесе изреамнување на гостинскиот Шефилд Јунајтед.

Челзи е моментално 9-ти со пет бодови, колку што има и Шефилд кој поради подобрата гол-разлика е место погоре на првенствената табела.

Кристал Палас во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на гостинската Астон Вила. Отако гостите во 54 минута останаа без исклучениот Махмуд Хасан, домашните успеаја да постигнат погодок во 73 минута преку Џордан Ејев.

Кристал Палас е најпријатното изненадување по првите четири кола во Премир, зашто повратникот во елитната лига со 7 бодови моментално е на четвртото место. Астон Вила, која исто така по повеќе години се врати во Премиер, со само една победа и три пораза е на 18-то место со три бода.

Домашна победа забележа и Вест Хем кој со головите на Себастијан Халер во 24 и Андриј Јармоленко во 56 минутаго совлада Норич Сити. „Чеканите“ со новите три бода вкупно имаат 7 и се на петтото место, додека Норич со три бода е претпоследен 19-ти.

Лестер беше сигурен со 3:1 на домашен терен во судирот со Борнмут. Двоен стрелец во 12 и 73 минута беше домашниот голгетер Џејми Варди, а еднаш погоди Јури Тиелманс во 41 минута, а гостите успеаја само да израмнат во 15 минута преку Калим Вилсон. Лестер Сити е трет на тебелата со 8 бодови, а Борнмут е 15-ти со четири бодови.

 

Вотфрод го освои првиот бод сезонава, откако одигра без победник 1:1 на гости кај Њукасл, а покрај трите пораза е последен на табелата. Гостете поведоа уште во втората минута преку Вил Хјуз, а домашните израмнија до крајот на полувремето, со погодокот на Фабијан Шар во 41 минтуа. Њукасл не успеа да направи пробив, остана на 14-то место во групата екипи со 4 бодови.

Во недела, пред настапувањето на првенстентата пауза поради квалификациите за европското првенство, четвртокот около во Премиер ќе го затворат дуелите Евертон – Вулверхемптон и лондонското дерби Арсенал Тотенхем.