Ливерпул и Тотенхем им се придружија на Барса и Ајакс

Фудбалерите на англиските премиерлигаши Ливерпул и Тотенхем во средата вечерта се квалификуваа во полуфиналето од Лигата на шампионите по реванш наптреварите во кои „Редстите“ на гости кај Порто славеа со 4:1 и вкупони 6:1, додека Манчестер Сити го победи дома Тотенхем со 4:3, но натаму одат „Спарси“ бидејќи во првиот меч во Лондон победија со 1:0, односно според правилото за постигнати повеќе голови на гостински терен.

Во натпреварот полн со пресврти и бурна завршница за Манчестер Сити стрелци беа Рахим Стерлинг во 4 и 21 минута, Бернардо Силва во 11 и Серхио Агуеро во 59 минута, додека за Тотенхме двоен тсрелец беше Сон Геунг Мин во 7 и 10, а погоди и Фернандо Љоренте во 73 минута,

Во Манчестер во првите 11 минути беа постигнати дури четири голови. Започна со Стерлинг во 4 минута кога напаѓачот на Сити од 16 метри шутираше прецизно во левиот агол од противничкиот гол. Но потоа Јужнокореецот Сон, првин во 7 минута ја казни грешката на одбратана на домашните а три минути подоцна со удар во самиот горен агол го постигна водечкиот погодок за Тотенхем. Голеадата продолжи веќе во 11 минута кога Бернардо Силва со многу среќа израмни на 2:2, бидејќи топката погоди одбранбен играч на гостите и го измами голманот Љорис. Во 21 минута Ситу сега направи пресврт и поведе со 3:2, откако де Брујне нафрли на втората статива каде се најде Стерлинг за својот втор погодок на мечот. Во 59 минута „Етихад“ експлодираше кога Серхио Агуеро со силен и прецизен удар го доведе Сити во водство од 4:2, резултат кој во тој момент „Граѓаните“ ги водеше во полуфиналето. Но Тотенхем не се предаваше и по неколку изгледни можности во 73 минута дојде до посакуваниот резултат 3:4, откако Љоренте од гужва ја погоди мрежата на Сити. Овој погодок долго се проверуваше, бидејќи се чинеше дека Љоренте играл со рака, но од ВАР собата потврдија дека голот е регуларен. Во третата минута од судиското продолжќените Стерлинг погоди, но овојпат ВАР веднаш го поништи погодокот сигнализирајќи му на судијата Чакир недозволена позиција на домашниот напаѓач и играње со рака уште на самиот почеток на акцијата.

Ливерпул полесно отколку минатата седмица на својот терен го совлада Порто, а стрелци беа Садио Мане во 28, Мохамед Салах во 65, Роберто Фирмињао во 77 и Вирџил ван Дајк во 84 минута, додека за домашните стрелец беше Еден Милитао во 69 минута.

Ливерпул поведе по половина час игра со голот на Мане постигнат од лизгачки стар на асистенција на Салах, а голот беше признат дури по прегледувањето на снимката со ВАР технологија. Мечот беше исполнет со нервоза, жестоки и груби стартови, како и грешки. Англичаните и дефинитивно потврдија дека се голем фаворит во овој дуел во 65 минута кога Салах изби сам пред некогашниот репрезентативен шпански голман Икер Касиљас и лесно го совлада. Порто по три минути по изведениот корнер преку Милитао малку како да ги врати надежите. Во 73 минтуа Мане го мина и Касиљас и кога се очекуваше лесно поентирање, овој се лизна на влажниот терен и промаши. Но четири минути подоцна сепак беше 3:1 за „Редси“ кога Робертсон нафрли а Фирмињо постигна гол со глава од петерецот. Во 84 минута меѓу стрелците се запиша и ван Дијк.

Полуфиналните двојки беа претходно познати според шемата од ждребот на 15-ти март и следуваат дуелите Тотенхем – Ајакс и Барселона – Ливепрул. Полуфиналните двојки кои првите натпревари ќе се играат на 30-ти април и на 1-ви мај, а реваншите се на 7-ми и 8-ми април..