Ливерпул им дозволи на играчите божикен ручек со семејствата

Играчите на Ливерпул имаат натпревар токму на традиционалниот „Боксинг деј“. Тренерот на англискиот фудбалски великан, Германецот Јирген Клоп, им дозволи на играчите да ручаат со своите семејства, иако утре ги очекува натпревар од Премиер лигата.

Постојат неколку теории според кои „Боксинг деј“ го добил името, но најинтересна е онаа со господарите и слугите.

„Christmas Box“ e англиското име за Божикен подарок. Богатите Англичани кои во своите домови имале слуги и помошници, на 26 декември ги добиле своите подароци, а поради тоа денот бил наречен „Боксинг деј“.

Втората теорија е дека на Божик во црквите се собирале пари во кутии за донации, а еден ден подоцна, односно на „Боксинг деј“ истите се отворале.

Ќе одат дома да ручаат со своите најблиски за барем малку да ја почуствуваат убавината на празникот. Вечер ќе мора да се појават во хотел, бидејќи утре не очекува натпревар против Њукасл. Тешко е да се организираат работите за Божик на „Боксинг деј“ и кога сте домаќин, а камоли ако одите на гостување. Сепак и спортистите имаат свој дом, семејство, деца, па се трудиме да им излеземе во пресрет колку е тоа можно, изјави Клоп.

Инаку, Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата по 18 одиграни кола.