Ливерпул казнет за промашувањата во продолжението

Во првиот саботен натпревар од 33-то коло на англиското фудбалско првенство сѐ уште актуелниот шампион Ливерпул одигра само 1:1 на својот „Енфилд“ со Њукасл Јунајтед.

Ливерпул поведе уште во 3 минута по мајсторскиот потег на Мохамед Салах кој во противничкиот шеснаесетник прифати одбиена топка и од свртување биеше во противничката мрежа. „Редсите“ во продолжението на мечот не реализираше низа убави шанси да ја потврди победата, но казната следеше во судиското продолжение на натпреварот.

Ливерпул целосно доминираше со 22 удари од кои 9 во рамките на гостинскиот гол и со 69 отсто од поседот на топката и повеќе од двојни прецизни додавање.

Прво во втората минута од судиското подолжение Њукасл постигна погодок за израмнување кога Вилсон од вториот обид успеа да ја протирка топката зад Алисон, но судиите по прегледување на снимката утврдија дека по првичната одбрана на домашниот гол топката во рака го погодила гостинскиот играч. Но тоа не беше доволна опомена за Ливерпул, па во петтата минута од проолжувањето Џо Вилкок ја затресе регуларно мрежата на домашните.

Ливерпул сега е шести со 54 бодови, и заостанува во борбата за пласман во европските натпреварувања, зад петтиот Вест Хем кој има 55 и четвртиот Челзи со 58 бодови, кои ги држат местата кои водат во Лига Европа односно Лигата на шампионите. Њукасл моментално е 15-ти со 36 бодови, девет повеќе од зоната на испаѓање од лигата.

А Челзи големиот чекор за пласман во Лигата на шампионите следната сезона го направи токму со гостинската победа над директниот конкурент Вест Хем, кому сега му бега пет бодови. Единствениот погодок на мечот го постигна Тимо Вернер во 43 минута.

Во последниот саботен натпревар, иако минатиот викенд ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед на својот терен со 1:0 го совлада Брајтон енд Хоув Албион. Стрелец на победничкиот погодок беше Дејвид Мекголдрик во 19 минута.

Шефилд сега има 17 бодови, седум помалку од претпоследниот 19-ти Вест Бромвич а десет од 18-от Фулам кој би играл доигрувања за опстанок, а дури 16 бодови помалку од Барнли кој е 17-ти, место кое гарантира опстанок.

Во недела од ова коло ќе се играат мечевите: Вулверхемптон – Барнли, Лидс Јунајтед – Манчестер Јунајтед, Астон Вила – Вест Бромвич Албион, Лестер Сити – Кристал Палас.