Ливерпул најдобар тим во изборот на новинарите

Европскиот фудбалски шампион Ливерпул е прогласен за најдобрата екипа на светото во 2019 година во изборот на Меѓународното здружение на спортските новинари (AIPS), додека Светското првенство во атлетика кој се одржа во Доха го доби признанието за најдобар прес-центар.

Ливерпул, во изборот на 331 новинар од 102 земји во светот, победи со 908 гласови, или со 30,21 отсто.

Второто место со 538 гласови, или 17,90 отсто, го освои женската фудбалска репрезентација на САД која беше победник на Светското првенство во Франција, додека третот место им припанда на светските прваци во рагби, на решрезентацијата на Јужна Африка со 434 гласа или 14,44 отсто.

Награда на AIPS за најдобри услови за новинарска работа го доби Светското атлетско првенство во Доха со 19,10 отсто од гласовите, пред споменатиот мундијал за фудбалерки во Франција со 17,93 отсти и легендарниот тениски турнир Вимблдон.