Ливерпул не дозволи изненадување на гостувањето кај Кристал Палас

Во последниот натпревар од второто коло од англиското фудбалско првенство, Ливерпул како гостин беше убедлив на гостувањето кај Кристал Палас со 2:0 (1:0).

Гостите поведоа преку Милнер во 45 минута од пенал, а потврдата на „Редсите“ ја потврди Садио Мане со погодокот во третата минута од судиското продолжение. Домапшните последните четврт час од мечот ги играа со фубалер помалку, откако цвен картон му беше покажан на Ван-Бисака.

Ливерпул така им се приклучи на актуелниот шампион Манчестер Сити, Челзи, Вотфорд, Тотенхем и Борнмут на врвот од табелата со максималните шест бодови. Кристал Палас во моментов е десетти со три бода.