Ливерпул оствари рекордна победа на „Олд Трафорд“

Во најголемиот дерби натпревар на англискиот фудбал Ливерпул на „Олд Трафорд“ го декласираше домашниот Манчестер Јунајтед со 5:0, остварувајќи го својата рекордна победа на „Театарот на сништата“.

Досега највисоката победа на „Олд Трафор“, Ливерпул ја оствари во март 2009 година кога победи со 4:1. Во неделата вечерта, пак, во рамките на деветтото коло од Премиер лигата поведе со 5:0 веќе по 50 минути, од 61 минута имаа и ирач повеќе но се чини потоа се штедеа и себеси и грогираниот противник.

Последен пат Јунајтед забележал домашен пораз од 0:5 пред 66 години од градскиот ривал Сити.

Ливерпул веќе во првото полувреме постигна четири погодоци и уште тогаш испиша историја. Имено, никогаш досега во историјата Манчестер Јунајтед на својот терен во првото полувреме не примил четири гола.

Ѕвезда на дербито беше одличниот египетски напаѓач Мохамед Салах кои реализираше „хет-три“ со головите во 38, четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме и во 50 минута, а впиша и асистенција за водството од 1:0.

Ливерпул фуриозно влезе во мечот и поведе веќе во 5 минута преку Наби Кеита а во 13 минута Диого Жота го удвои водството. Следеше шоуто на Салах со три погодока, со што стана првиот гостински играч која на „Олд Трафорд“ постигнал „хет-трик“ по 2003 година кога тоа гао стори Бразилецот Роналдо во дресот на Реал Мадрид.

Многу лошото издание на „Црвените ѓаволи“ беше надополнето со шест жолти картони, меѓу нив и за крајно неспортскиот потег Кристијано Роналдо кој насила ја шутираше топката во легнатиот противнички играч, а ја заокружи црвениот картон на Пол Погба кој во игреа влезе во вториот дела и го напушти теренот по само 15 минута откако со опасно со две нозе стартуваше врз Кеита кој на носилки беше изнесен од тревникот. При 0:5, Роналдо постигна погодок, но беше поништен по интервенција на ВАР-от поради минимален офсајд.

Ливерпул со оваа победа ја продолжи низата од 19 лигашки натпреари без пораз, а ја впиша четвртата победа со шест ремија и само еден пораз во 11-те последни првенствени дуели со Манечестер Јунајтед.

Челзи го задржа врвот во Премиер лигата со 22 бодови, пред Ливерпул кој има 21 бод, а третопласиран е Манчестер Сити со 20 бодови. Манчестер Јунајтед со 14 бодови е на седмото место.

Претходно во неделата Вест Хем со погодокот на Микаил Антониот во 72 минута како домаќин го совлада Тотенхем. Трите нови бода „Чеканите“ го искачија на четвртата позиција имаат 17 трите бода, а Тотенхем остана шестопласиран со два бода помалку.

Лестер Сити оствари гостинска победа кај новиот преволигаш Брентфорд со 2:1. Стрелци за „Лисиците“ беа Јури Тиелеманс во 14 и Џејсм Медисон во 73 минута, а домашните израмнија во 60 минута преку Матијас Јергенсен.

Лестер Сити по слабата серија полека се враќа во горниот дел од табелата, сега е деветти со 14 бодови, а Брентфорд остана на 12 бодови со кои сеега е 12-ти.