Ливерпул падна кај Атлетико, Борусија подобра од ПСЖ

Во првиот натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, мадридски Атлетико го победи аткуелниот европски шампион Ливерпул со 1:0, додека во вторниот вечерашен дуел Борусија Дортмунд со 2:1 беше подобра од Пари Сен Жермен.

До гостувањето во Мадрид, Ливерпул оваа сеозна одигра 41 натпревар со само два поераза, првиот на отворањето на Лигата на шампионите на гостивањето кај Наполи од 0:2, а вториот во англискиот Лига куп од Астон Вила со 0:5, но тогаш „Црвените“ играа со екипата под 23-години, најмладот состав во 127 години долгата историја на клубот.

Против Атлетико го доживеаја и вториот пораз во најелитното клупско натпреварување на континентот. Домашните одлично влегоа во мечот, и веќе во 4 минута по нафрлување од корнер дојдоа во водство преку Саул Нигуез. Атлетико имаше одлична шанса за удвојување на водството во 27 минута, но ударот на Алваро Мората го одбрани Алисон Бекер. Ливерпул во првиот дел доминираше во поседот на топката, но не упати ниеден удар во рамките на голот на Јан Облак. Екипата на Јирген Клоп доминираше и во второто полувреме, но без конкретна завршница. Најдобрата шанса ја имаше во 73 минтуа, но Џордан Хендерсон шутираше крај голот.

Младиот норвешки напаѓач Ерлин Браут Хаалнд повторно беше ѕвездата на Борусија Дортмунд, овојпат со два погодока, во 69 и 77 минута, против скапиот ПСЖ, со што стаса до 10 погодоци во Лигата на шампионите, и до 11 голови во седумте настапи за Борусија. За ПСЖ стрелец за тогаш кусото израмнување беше Нејмар.

Борусија во првото полувреме беше подобра од противникот, но не успеа да реализира ниедна од неколкуте шанси. Домашните најблиску до гол беа во 27 минута, кога Џејдон Санчо го гаѓаше спротивниот агол, но Кејлор Навас одбрани. Парижаните првата вистинска шанса ја имаа во 66 минута, кгоа по акцијата на Килиан Мбапе и Нејмар, биеше младиот француски напаѓач, но Роман Бурки беше на место. Возврати све минути подоцна Мароканецот Ашраф Хакими но шутираше над голот.

Далеку подобрата игра домашните ја ефектуираа со водството во 60 минута, кога Хакими од крилна позиција упати остар центаршут во противничкиот шеснаесетник, шутираше Рафаел Гвереиро но топката се одби до 19-годишниот Норвежанец кој ја погоди мрежата. ПСЖ израмни само шест минути подоцна, а погодокот го постигна Нејмар на асистенција од Мбапе. Но радоста на гостите беше кусотрај,а само две минути подоцна Хааланд со фантастичен удар од работ на казнениот простор ја доведе Борусија во ново водство. ПСЖ во 81 минута можеше повторно да изрмани, но Нејмар ја погоди стативата.

Реванш натпреварите се во среда на 11-ти март, во Париз и Ливерпул.

Во среда на распоредот се следните два натпреваеа од осминафиналето, а се среќаваат Тотенхем – РБ Лајпциг и Аталанта – Валенсија.

Следниот вторник на распоредот се мечевите Наполи – Барселона и Челзи – Баерн, а во среда на 26-ти февруари играат Лион- Јувентус и Реал Мадрид – Манчестер Сити.