Ливерпул победи кај Саутемптон, одлуката за англискиот првак во последното коло

Во последниот натправар од 37-то коло на англиското фудбалско прваенство, Ливерпул на гостувањето го победи Саутемптон со 2:1, па на коло пред крајот го намали водството зад водечкиот Манчестер Сити на еден бод./

Така, во пресрет на последното коло Манчестер Сити има 90, а Ливерпул 89 бодови. Во последното коло во недела 22-ри мај, „Граѓаните“ на својот стадион ќе играат против Астон Вила, а Ливерпул исто така дома против Вулвехемптон. Доколку на крајот два тима имаат ист број бодови, ќе решава гол-разликата.

Јирген Клоп одмораше дури девет играчи кои во саботата во финалето на ФА Купот го совладаа Челзи, а дуелот против Саутемптон не започна добро за гостите.

„Светците“ поведоа уште во 13 минута со голот на Натан Редмонд. Гостите израмнија 14 минути подоцна, а стрелец беше Такуми Минамини кој минатата сезона ја мина како позајмен играч токму во Саутемптон. Решавачкиот погодок го постигна Џоел Матип во 67 година, по нафрлување од корнер.

Ова беше деветтата победа на Ливерпул во последните десет меѓусебни дуело. Саутемптон остана на 15-то место со 40 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.