Ливерпул поразен од Наполи

Актуелниот европски шампион Ливерпул ја почна одбраната на шампионската титула со пораз во Неапол, откако загуби со 0-2 од Наполи во дербито на групата на кое деби имаше и макеоднскиот бисер Елиф Елмас, кој ги одигра последните 15-на минути од мечот.

Наполитанците во завршницата го скршија европскиот шампион со гол на Дрес Мертенс од пенал и на Фернандо Љиоренте во судиското надополнување, па така му го расипаа старатот на сезоната во елитата на Јирген Клоп. Но, тоа што е најинтересно, Ливерпул после цели 25 години станува првиот европски шампион кој во новата сезона тргнува со пораз.

Пред Ливерпул вечерва, последен европски шампион кој започнал сезона со пораз е – Милан. И тоа во 1994 година, после епската победа на „росонерите“ во Атина против Барселона со 4-0 во финалето.