Ливерпул против Барнли ја прекина серијата без порази дома

Фудбалерите на Барнли во единствениот натпревар од англиското првенство одигран во четвртокот сензационално како гости со 1:0 го совладаа актуелниот шампион Ливерпул, прекинувајќи ја низата од 68 мечеви, или три ипол години, без пораз на својот „Енфилд“.

Барнли целиот натпревар умешно се бранеше а во самата завршница во еден од своите ретки излети на противничката половина го заврши со погодок. Барнес се ослободи до Фабињао, а потоа во нозете му влета голманот Алисон па судијата покажа на белата точка, а сигурен изведувач на најстрогата казна во 82 минута беше самиот Барнес.

Ова беше петтиот последователен натпервар на Ливрпул без победа, па бранителот на титулата заостанува во борбата за првото место. Ливерпул сега е четврти со 34 бодови, шест помалку од водечкиот Манчестер Јунајтед.

Барнли остана на 17-то место на табелата, но сега со 19 бодови како и 15-от Брајтон и 16-от Њукасл Јунајтед, додека на 18-от Фулам, кој се наоѓа во зоната на испаѓање му бега седум бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.