„Ливерпул“ против „ПСЖ“ за отворање на новата сезона во Лигата на шампиони

Вечерва почнува 27. издание на Лигата на шампионите, или вкупно 64 пат во историјата најдобрите клубови на Европа влегуваат во борба за позната сребрена амфора, која ја брани тимот на „Реал Мадрид“. Новитет од сезонава се новите термини за одигрување на натпреварите, односно половина од нив се играат од 18.55 а другите од 21 часот, а не како што беше досега во стандардниот термин од 20.45 часот. Годинава во ЛШ ќе настапат тројца дебитанти.

Денеска се играат натпреварите во групите А, Б, Ц и Д.
Во групата А играат „Бриж“- „Борусија“ Дортмунд и „Монако“- „Атлетико“ Мадрид“.

Во групата Б натпреварите почнуваат од 18.55 часот, а на „Ноу Камп“ „Барселона“ го пречекува „ПСВ“, додека во другиот меч во Милано „Интер“ го пречекува „Тотенхем“.

Во групата Ц поранешниот европски шампион и дебитант во ЛШ, „Црвена Ѕвезда“ го пречекува „Наполи“, а во Ливерпул, според многумина финалето пред финалето на самиот старт на лигата, домачините го пречекуваат ПСЖ.

И во групата Д вечерва играат „Галатасарај“-„Локомотив“ Москва и „Шалке“-Порто“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.