Ливерпул се врати на чело на Премиер лигата

Во последниот меч од саботната програма од 26-то коло од англиското фудбалско првенство Барнли како гостин го совлада Брајтон едн Хоув Албион со 3:1.

Гостите поведоа со 3:0, со головите на Вуд во 26 и 61 минута и на Барнс во 74 минута од пенал, а намали Дафи во 76 минута. Барнли со оваа победа бодовно се израмни со Брајтон, двата клуба имаат по 27 бодови, и ги држат 14-то и 15-то место на табелата. Ист учинок има и 13-ти Кристал Палас, два помалку има 16-от Кардиф Сити, а по три помалку имаат 17-от Њукасл Јунајтед и 18-от Саутемптон.

Претходно Ливерпул благодарејќи на сигурната победа од 3:0 дома против Борнмут се врати на првото место. Погодоците за „Редс“ по двата последователни ремија против Лестер и Вест Хем, ги постигнаа Мане во 24, Вијналдум во 34 и Мохамад Салах во 48 минута. Ливерпул сега има 65 бодови, три повеќе од второпласираниот Манчестер Сити а осум повеќе од третиот Тотенхем. Борнмут е 11-ти со 33 бодови.

Манчестер Јунајтед како гостин го совлада претпоследниот Фулам со 3:0. Двоен стрелец беше Пол Погба, во 14 и во 65 минута од пенал, а еден погодок, во 23 минута постигна Марсиал. Манчестер Јунајтед со овие три бода се проби на четвртото место со 51 бод, еден повеќе од петтиот Челзи и шестиот Арсенал . Фулам остана 19-ти со 17 бодови.

Арсенал, исто така, забележа гостинска победа од 2:1 кај Хадерсфилд. За „Топчиите“ стрелци беа Ајоби во 16 и Лаказет во 44 минута, а гостинскиот играч Колашинац во третата минута од судиското продолжение го постигна и почесниот погодок за Хадерсфилд кој и натаму е на дното со само 11 бодови.

Вотфорд со голот на Греј во 65 минута пред своите навивачи го совлада Евертон. Вотфорд сега има 37 бодови и е безбеден на осмото, со четири бодови повеќе од деветтиот Евертон, а еден помалку од шестиот Вулверхемптон.

Кристал Палас и Вест Хем Јунајтед ги поделија бодовите со головите на Заха во 76 и на Нобле од пенал во 27 минута за гостите. Каристал Палас е 13-ти со 27 бодови, а Вест Хем има 33 бодови и е десетти.

Драматична завршница беше видена во судиското продолжение во Саутемптон каде прво домашните израмнија, а гостите во последните минути дојдоа до важни бодови во борбата за опстанок. Кардиф Сити поведе преку Бамба во 69 минута, но за домашните во првата минута од судиското продолжение израмни Стефенс, но по само две минути Захоре ги замолкна трибините. Саутемптон е 18-то со 24 бодови, колку што има и Њукасл Јинајтед место погоре, и падна во опасната зона, додека Кардиф сега има бод повеќе и е 16-ти со.

Во недела се игра дуелот меѓу Тотенхем и Лестер, а во Манчестер во дербито на колото Сити го пречекува Челзи.