Ливерпул славеше во дербито на „Стенфорд Бриџ“

Во дербито на второто коло од англиското фудбалско првенство актуелниот првак Ливерпул на лондонски „Стенфорд Бриџ“ со 2:0 го победи Челзи, впишувајќи ја четвртата последователна победа во меѓусебните дуели.

Двата погодока за „Редсите“ ги постигна Садио Мане во интервла од четири минути, во 50 и 54 минута.

Како клучен момент на средбата се покажа исклучувањето на Андреас Кристенсен во последните моменти од првото полувреме. Данскиот бек како последен играч во одбраната со собори во Садио Мане кој беше во налет. Судијата Пол Тјерни првично му покажа жолт картон, но по асистирањето од ВАР-собата му додел црвен картон.

Кристенстен стана првиот играч кој е исклучен во првенствените дуели меѓу Ливерпул и Челзи по февруари 2009 година. Последен кој „поцрвене“ на овие дуели беше сегашниот менаџер на лондоснкиот тим, Франк Лампард.

Со играч повеќе, Ливерпул го реши мечот со давата погодока во првите десет минути од вториот дел преку Мане. Сенегалскиот напаѓач во 50 минута гаѓаше прецизно по нафрлувањето на Роберто Фирмињо. Четири минути подоцна веќе беше 2:0 по катастрофалната реакција на домашниот голман Кепа, кој наместо да ја исфрли повратната топка, ја додаде до Мане кој мирно ја реализираше дадената можност.

Члези можеше да се врати во игра во 74 минтуа, но Жоргињо не ја реализираше најстрогата казна, односно неговиот удар одлично го одбрани Алисон Бекер. Пеналот го направи Тиаго Алкантара кој го собори Тимо Вернер кој се најде во изгледна ситуација по правовременото проигрување од Матео Ковачиќ.

Во последниот неделнен меч Лестер Сити со 4:2 го совлада Барнли преземајќи го врвот на табелата.

Гостите поведоа во 10 минута со голот на Крис Вуд, но „Лисиците“ успеаја да направат резултатиски пресврт со три гола во низа, а стрелци беа Харви Барнс во 20, Ерик Пјетерс си постигна автогол во 50 минута, а Џејмс Џастин погоди во 61 минута. Малку надежи Барнли доби во 73 минута кога стрелец беше Џими Дан, но шест минути подоцна Денис Прает ја врати предноста на Лестер на „плус два“.

Во претходно одиграните натпревари во неделата Тотенхем со пресврт со 5:2 славеше на гостувањето кај Саутемптон, во натпреварот кој го одбележаа четирите погодоци на Кореецот Сон Хеунг-мин и исто толкуте асистенции на Хари Кејн.

Њукасл Јунајтед, пак, неочекувано беше потопен на домашен терен од Брајтон со 0:3, а стрелци беа Мапаи во 3 од пенал и во 7 минута, и Коноли во 83 минута.

Во саботата Лидс Јунајтед, кој во првото коло по голема борба загуби кај Ливепрул со 3:4, во првиот меч пред својата публика по долги години како премиерлигаш во неделата со 4:3 славеше против Фулам. Евертон со 5:2 забележа домашна победа над ВБА Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ загуби со 1:3 од Кристал Палас, а Арсенал забележа домашна победа од 2:1 над Вест Хем.

Во понеделник се играат натпреварите Астон Вил – Шефилд Јунајтед и Вулверхемптон – Манчестер Сити.

Со по две победи по првите две кола во водство се Лестер Сити, Евертон, Арсенал, Ливерпул и Кристал Палас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.