Ливерпул со „деветка“, Сити вторпат надомести заостанување од два гола а Арсенал на врвот

Во четвртокот коло од англиското фудбалско првенство актуелниот шампион Манчестер Сити втор пат со ред успеа да надомести заостанување од два гола и да остане непоразен а овојпат на домашен терен со 4:2 го совлада Кристал Палас, додека вицепрвакот Ливерпул ја израмни својата рекордна победа во Премиер лигата од 9:0 над Брентфорд.

Во последниот натпревар до саботната програма Арсенал со пресврт дојде до домашната победа 2:1 над Фулам, со што го зачува врвот на табелата.

Гостите поведоа преку Александар Митровиќ во 56 минута, кој на работ од шеснаесетникот му ја одзема топката на Габриел Магељаеш и потоа го совлада Рамсдејл. Но домашните набрзо, во 64 минута израмни преку Мартин Едегард, а кој шутираше од 20-ина метри, а топката на патот кон голот погоди еден играч од одбраната на Фулам, го смени правецот и го измами Лејн. За грешката при голот на гостите Габриел се извади со победничкиот погодок во 86 минута, кога ја спроведе топката во мрежата откако Лени не успеа да го расчисти нафрлувањето од корнер.

Арсенал со максималните 12 бодови од четирите кола е повторно на врвот од табелата со два бода повеќе од тимовите кои го следат, додека Фулам со пет бодови моментално е 11-ти.

 

Манчестер Сити втор натпревар со ред успеа да го надомести заостанувањето од два погодока, но овој пат на домашен терен направи целосен резултатски пресврт. Гостите од Лондон имаа предност од 2:0 остварено со автоголот на Џон Стон уште во 4 минута и со погодокот во 21 минута на Јоаким Андерсен. Но во вториот дел проработи новата „машина за голови“ на Сити, Норвежанецот Ерглинг Халанд, кој прво во 53 минута му асистираше на Бернардо Силва за 1:2, а потоа самиот постигна хет-трик за целосен пресврт во 62, 70 и 81 минута.

Манчестер Сити со оваа победа се искачи на второто место на табелата со 10 бодови, колку што има и третопласираниот Брајтон и Хоув Албион кој на својот терен го победи Лидс Јунајтед со 1:0, со голот на Паскал Грос во 66 минута. Лидс моментално е петти во групата екипи со седум бодови, додека Кристал Палас е 13-ти со четири бодови.

 

Ливерпул ја оствари првата победа во сезоната израмнувајќи ја најголемата победа во историјата на Премиер лигата, совладувајќи го на својот „Енфилд“ Борнмут со 9:0. Дуелот беше решен се чини во првите десет минути, откако домашните поведоа поведоа со 2:0 преку Луиз Дијаз во 3 и Херви Елиот. До крајот стрелци беа уште Требт Александер Арнолд во 28, Роберт Фирмињо во 31 и 62, Вирџил ван Дајк во 45, автоголот на Крис Мефам во 46, Фабио Карваљо во 80 и повторно Дијаз во 86 минута.

Ливерпул моментално е деветти со пет бодови, додека Борнмут е 16-ти со три бода.

 

Челзи, пак, на својот „Стенфорд бриџ“ го совлада Лестер Сит, иако повеќе од еден час играше со играч помалку. Исклучување поради два жолти картона заработи во 28 минута Конор Галахер, но и бројно ослабен Челзи во првата половина од вториот дел преку Рахим Стерлинг успеа да поведе со 2:0. Прво Стерлинг во 47 минута со прекрасен лоб од 20-ина метри го погоди самиот горен агол на немоќниот Вард, за во 63 минута од близина да ја закова топката во мрежата по нафрлувањето на Џејмс. По само три минути Лестер намали на 1:2, преку Харви Барнс кој беше проигран од Џејмс Варди.

Челзи моментално е на шестото место со седум бодови, а Лестер Сити е претпоследен 19-ти со само еден бод од четири кола.

 

Бренфорд во финишот на мечот во 84 минута преку Витали Џенелт успеа на домашен терен да извлече бод против Евертон кој поведе во 24 минута со голот на Ентони Гордон.

Бренфорд сега е 10-ти со пет бодови, а Евертон дојде до два бода со кои моментално е 17-ти на табелата.

 

Во првиот саботен натпревар Манчестер Јунајтед како гостин со 1:0. Погодокот за втора последователна победа на „Црвените ѓаволи“ го постигна во 55 минута Португалецот Бруно Фернандеш со удар од 15-ина метри на додавање на Диого Далото.

Манчестер Јунајтед со шест бодови е на осмото место, а Саутемптон со четири бодови е 14-ти.

 

Во недела на распоредот се натпреварите Астон Вила – Вест Хем Јунајтед, Волверхемптон – Њукасл Јунајтед и Нотингем Форест – Тотенхем.