Ливерпул со најмладиот тим во историјата потопен со 0:5

Актуелниот европски фудбалски првак Ливерпул, кој во среда ќе го игра полуфиналето од Светското клупско првенство во Катар, во вторникот во четвртфиналето на англскиот Лига куп заигра со најмаладиот тим во 127-годишната историја и загуби на гостувањето кај Астон Вила во Бирмингем со 0:5 (0:4).

Головите за домашните ги постигнаа Конор Хурихејн во 14, Џонатан Коџиа во 37 и 45 и Весли во 90 минута, а уште еден гол во сопствената мрежа постигна бекот на гостите Морган Бојс во 37 минута.

Во составот на Ливерпул, која на „Вила Парк“ го предводеше Нил Критли, се појавија 11 измени од кои петмина играчи од младинскиот тим под 23 години дебитираа. Првиот тим на Ливерпул во Катар ќе се сретне со мексиканскиот шампион Монтереј, а очигледно Јирген Клоп му придава големо значење ка клупскиот светски шампионат.

Ривалот на Астон Вила во полуфиналето од Карабао купто ќе биде одреден со жрепка. Во другите четвртфинални дуели кои се играат во среда се среќаваат Оксфорд Јунајтед и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Колчестер Јунајтед, Евертен и Лестер Сити.