Ливерпул со победа го мина гостувањето кај Челзи, Арсенал со играч помалку и пресврт до трите бода

Во дерби натпреварот од шестото коло на англиското фудбалско првенство Ливерпул како гостин со 2:1 го доби Челзи, и така повторно со пет подови предност се одвои на врвот на првенствената табела.

Ливерпул поведе со одличниот удар на Трент Александер-Арнолд во 14 минута, а се чини клучен период во натпреварот беа двете минути меѓу 28-та и 30-та. Прво поради офсајд беше поништен израмнувачкиот гол на Аспиликуета, а веднаш потоа Роберто Фирмињо со глава ја затресе мрежата на спротивната страна. Во второто полувреме Челзи беше далеку подобар противник, но успеа само да го намали водството на гостите со голот на Н’голо Канте во 71 минута.

Водечкиот Ливепрул има 18 бодови, пет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, додека Челзи е 11-ти со осум бодови.

Арсенал и со играч помалку во второто поливреме направи пресврт и на крајот славеше со 3:1 над Астон Вила. Гостите од Бирминген на полувремето имаа и резултатска и играчка предност, откако во 20 минута гол постигна Џом Мекгин, а во 41 минута исклучен беше Ејнсли Меитленд-Нилс. Астон Вила го искористи тоа и преку Весли Мораес во 60 минута го удвои водството, но на почетокот од последните десет минути од регуларниот дел следеа брзи два гола на Калум Чемберс во 81 и Пјер-Емерик Обамејанг во 84 минута, и „Тобчиите“ го спречија изненадувањето.

Арсенал сега е четврти со 11 бодови, колку што имаат и третиот Лестер Сити и петтиот Вест Хем Јунајтед, додека Астон Вола е 18-та со четири бодови.

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед ја продлабочија кризата на Манчестер Јунајтед, совладувајќи го дома со 2:0. Големата победа на „Чеканите“ им ја обезбедија Јермоленко со погодокот во 44 и Кресвел кој беше стрелец во 84 минута. Со оваа победа Вест Хем го мина Јунајтед на табелата, сега е четврти со 11 бодови, а „Црвените ѓаволи“ со по две победи, ремија и пораза се седми со осум бодови.

Истовремено Кристал Палас и Вулверхемптон одиграа без победник, а стрелци на двата гола беа гостинските играчи, Дендонкер постигна автогол во 46 минута за водство на домашните, а подот го спаси Јота со погодокот во петтата минута од судиското продолжение. Кристал Палас е 11-ти на табелата со осум бодови, додека Вулверхемптон е претпоследен 19-ти со четири бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.