Ливерпул со солидна предност пред реваншoт кај Вилјареал во ЛШ

Во првото полуфинално соочување на втората двојка во Лигата на шампионите во средата Ливерпул на својот „Енфилд“ го победи Вилјареал со 2:0.

Ливерпул дојде во водство во 53 минута кога Первис Еступињан во обид да го блокира нафрлувањето на Хендерсон, ја одби топката која ја промени насоката и го измами неговиот голман Рули. Домашните за само две минута го удвоија водството, кога Мохамед Салах одлично го проигра Садио Мане кој правовремено втрча зад гостинската одбрана и ја турна топката крај Рули во левата статива.

Возвратниот натпревар е закажан на 3-ти мај во Вилјареал на стадионот „Ла Керамија“.

Ден подоцна во Мадрид ќе се соочи втората двојка од полуфиналната англиско-шпанска пресметка во која Реал ќе го брка заостанувањето од 3:4 против Манчестер Сити.