Ливерпул тешко до победата над Лидс

Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул влезе во новата сезона со тешко извојувана победа од 4:3 над повратникот во Премиер лигата, Лидс Јунајтед.

Ова беше прв меч и прв пораз на клубот на македонскиот репрезетнативец Ерџан Алиоски од „Црвените“ во Премиер лигата по 16 години. Алиоски на овој меч, инаку, не доби шанса да се надигрува на „Енфилд“ со ѕвездите на Ливерпул.

Стрелци за домашните беа Мохамед Салах, во 4, 33 и 88 минута, првиот и третиот погодок Египѓанецот ги постина од пенак, а уште еднаш погоди Виџил ван Дајк во 20 минута. Додека за гостиет стрелци беа Џек Харисон во 12, Патрик Бемфорд во 30 и Матеуш Клијх во 66 минута.

Лидс минатата година го освои првото место во втората според кавлитетот дивизија во англиското првенство и првпат по 2004 година се најде во елитата. Од 2007 до 2010 Лидс настапуваше во третата лига. Лидс Јунајтед е трикратен шампион на Англија, во 1969, 1974 и 1992 година, а уште пет пати бил второпласиран.

На „Енфилд“ во саботата беше проследен одличен типично англиски натпревар со седум погодоци, и уште три кои беа поништени. „Редиси“ водеа со 1:0, 2:1 и 3:2, но Лидс упорно трипати се враќаше во мечот израмнувајќи. Меѓутоа, кога во 88 минута Салах од пенал реализираше за 4:3, тимот на Марсело Биелса повеќе немаше сили и време за четвртото израмнување.

Дури пет голови беа постигнати во првото полувреме. Тоа досега во првото коло на Премиер лигата се има случено само еднаш во историјата. Првпат пет погодоци во првото полувреме на отворањето на сезоната се постигнати во август 2006 година во победата на Манчестер Јунјатед од 5:1 над Фулам.

Во првиот меч од новата сезона Арсенал како гостин на „Кревен Котиџ“ го совлада исто така повратникот во Премиер лигата, тимот на Фулам со 3:0. Победата на „Топчиите“ им ја донесоа погодоците на Александр Лаказет во 8, Габриела Магалјес во 49 и Пјер-Емерик Обамејанг во 57 минута.

Победа во првото коло забележа и Кристал Палас против Саутемптон со голот на Вилфрид Заха во 13 минута.