Ливерпул во карантин поради стравот од ширење вируси

Велика Британија воведе делумна блокада на Ливерпул и неговата околина за да се намали ширењето на Ковид-19 во областа, објави во четвртокот секретарот за здравство Мет Ханкок, пишува БиБиСи.

Забраната значи дека на различни домаќинства ќе им биде дозволено да се состануваат само на јавни простории на отворено.

Ханкок изјави ваквата одлука е донесена затоа што бројот на нови случаи регистрирани во Ливерпул сега е 268 на 1.000 тестови.

Областа ќе добие и 7 милиони фунти за да им помогне на локалните власти во спроведувањето на новите мерки.