Ливерпул за 15 секунди го реши Хадерсфилд

Ливерпул со убедливи 5:0 (3:0) го совлада во петокот вечерта отпишаниот Хадерсфилд во првиот дуел од 36-то коло на англиското фудбалско првенство и повторно заседна на чело на табелата со два бода и меч повеќе од Манчестер Сити.

Наби Кеита на асистенција на Мохамед Салах со најбрзиот погодок на „Редсите“ во Премеир лигата веќе во 15 секунда по големата грешка на одбраната на Хадерсфилд го доведе во водство Ливерпул. До крајот на полувремето екипата на Јирген Клоп постигна уште два погодока, преку Садио Мане во 23 и Салах во првата минута од судиското продолжение. Истиот напаѓачки тандем, кој води и мртва трка за титулата голгетер на сезоната, постигна по уште еден погодок во 66 и 83 минута за 28-та првенствена победа сезонава и за исто толкуте порази на Хадерсфилд.

Ливепрул од 36 меча има 91 бод, а Манчестер Сити има 89 бодови од 35 натрпевари и во недела гостува кај Барнли.

Во сабота се играа дуелите Тотенхем – Вест Хем, Кристал Палас – Евертон, Фулам – Кардиф, Саутемптон – Борнмут, Вотфорд – Вулверхмептон и Брајтон – Њукасл. Во ндела програмата ја отвора мечот Лестер – Арсенал, следи дуелот Барнли – Манчестер Сити а потоа се игра дербито на колото Манчестер Јунајтед – Челзи.