Ливерпулци на нозе: Клупската легенда се враќа во клубот

Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен наскоро би можел да се врати во Премиер лигата, откако бележи импресивни резултати во бундеслигашот по само шест месеци работа.

„Фармацевтите“ не само што се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, каде за противник ќе ја имаат Рома, туку од позиција која го доведе во прашање опстанокот во Бундеслигата, стигнаа до седмото место. Од доаѓањето на Алонсо, тимот освои дури 39 бода и најважно е што игра офанзивен и атрактивен фудбал.

Сето ова го привлече вниманието на бројни клубови, кои го посакуваат на чело на своите тимови. Медиумите на Островот пренесуваат дека Алонсо веќе се гледа како можен наследник на Јирген Клоп во Ливерпул, но прашање е кога тоа би можело да се случи тоа, со оглед што Јирген Клоп има статус на легенда на „Енфилд“.

Во меѓувреме, се појавија вести дека и Вест Хем, кој е незадоволен од Дејвид Мојс, е сериозно заинтересиран за услугите на шпанскиот стратег.

Во случај „чеканите“ да му се заблагодарат на Шкотланѓанецот за соработката налето, Алонсо ќе биде првиот кандидат за негов наследник, но за тоа прво ќе мора да бидат прашани Баскиецот и Баер, кои сигурно нема да сакаат да се разделат така лесно.