Лизгање на земјиштето во Романија: Дваесетина лица се евакуирани

Лизгање на земјиштето во Романија

Три куќи во село во северна Романија се уништени, а други три се пред колапс поради лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови во последните 24 часа, пренесува МИА, повикувајќи се на БТА.

Дваесет и три лица, меѓу кои пет деца, се евакуирани и сместени кај роднини или во локалната спортска сала.

Портпаролот на Инспекторатот за вонредни ситуации во округот Муреш изјави дека 23 лица од селото Аполд се евакуирани поради свлечиштата, од кои е погоден и едендел од патот во населбата, во должина од околу 50 метри.

Властите ќе ја следат ситуацијата во следните денови со оглед на опасноста од нови лизгање на земјиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.