Љубанци во шок по веста за убиството на Илија во Авганистан

Роднини и пријатели кои дошле да ја изразат последната почит, се единствените кои денеска влегоа во домот на семејството Мерџановски во скопско Љубанци, пренесува ТВ„Сител“, чија екипа денеска беше во селото.
Жителите се во шок по информациите од медиумите дека Илија е Македонецот кој пред два дена беше убиен во Авганистан. Од МНР се уште нема официјална потврда од Кабул за идентитетот на убиениот.

Според нив, 37 годишниот скопјанец заминал со желба да обезбеди средства за да го продолжи приватниот бизнис, рибникот на крајот од селото кој сега е затворен.Тој и претходно работел во Авганистан, но ова било неговото последно патување.

Илија за Авганистан заминал пред три месеци, а таму работел како готвач за меѓународната компанија „Содексо“ која ги опслужувала и високите државни претставници во земјата.

Од Содексо, според информации на Сител, официјално ги информирале службите во Македонија за смртта и идентитетот, но до потврдата од властите во Кабул тие нема да ја известат јавноста.