Љубителите на фудбалот и навивачите на Вардар колатерала во пресметката на власта со сопственикот на клубот

Игрите околу цената која ќе ја плаќа ФК Вардар за користење на Арената „Филип Втори“ продолжуваат и натаму. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор најавуваше дека ќе го повлече новиот ценовник за користење Градскиот стадион, ветувањето за повлекување на ценовникот на директорот на АДСДП Кристијан Трајковски сепак не се исполни. Со новиот ценовник Вардар ќе плаќа скандалозни 3.000 евра по натпревар од Првата лига, додека за ноќен натпревар цената ќе биде 6.000 евра. ФК Вардар ќе биде казнет и за својот историски успех и ќе плаќа рекордни 40.000 евра од натпревар во Лигата на Европа според спортскиот портал Спорт Медиа.

Агенцијата за млади и спорт и директорот Дарко Каевски исто така ветија намалување на цените во ценовникот, но цените останаа исти. Високите цени кои Вардар ќе ги плаќа за одигран натпревар на Градскиот стадион ќе го оштетат буџетот на фудбалскиот клуб кој нема да може да инвестира во понатамошен развој на клубот и можни трансфери на играчи во зимскиот трансфер период.

Сепак нај погодени од овој ценовник ќе бидат верните фанови на Вардар и навивачката група Комити кои паралелно со играчи го оставаат срцето на теренот. Фановите на Вардар и Комитите доколку сакаат да го следат клубот ќе мораат да плаќаат астрономски цени на билетите. Да се потсетиме на бараж натпреварот во Скопје од Лигата на Европа во кој Вардар и Фенербахче си ги одмерија силите. Токму за прв пат на овој натпревар новиот ценовник за користење на Градскиот стадион влијаеше на цените на билетите. На овој натпревар најевтиниот билет изнесуваше 2.000 денари додека најскапиот чинеше 3.000 денари. Ова целосно ја разбранува македонската фудбалска јавност и доколку раководството на Вардар не одлучи да работи со загуба на овој меч ќе се случеше целосен бојкот од навивачите.

Во пресметката на новата влада со сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко Комитите и навивачите на Вардар ја плаќаат најголемата цена. Колатерална штета станаа навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Додека Заев на државници дели дресови од македонската гордост Вардар, случајот во кој група на навивачи после натпреварот на Вардар со Реал Сосиедад беа нападнати на Бит пазарм Оливер Спасовски сѐ уште го нема расветлено и пронајдено сторителите. На сметка на тоа Спасовски пред неколку дена во домашен притвор го смести Јохан Тарчуловски македонски херој и бранител и поранешниот водач на „комитите“ со монструозно обвинување за ,,тероризам”’. Дали следен чекор на Владата предводена од СДСМ е да ги забрани „Комитите“ и да ги обвини за тероризам бидејќи се патриотски настроени?